24 Ексклузивно

Каде отидоа убавите времиња?

Музичкиот и моден менаџер Милорад Цаиќ Цајо, познат по бројните урбани журки кои ги има направено во Скопје, размислува гласно дека некогаш урбаниот живот бил далеку, далеку подобар. Споредува дека некогаш се живеело без виртуелните придобивки на современиот живот, но поквалитетно. Со поиканов дневен ритам, и исполнетост. Еве што вели тој:

“И што правам сега? Дремам на Facebook, а порано ова време веќе бев организиран каде ќе одам вечерва! Се одродив од фамилијата од другарите, пријателите и сите од градот. Што убаво ми беше порано кога ги немаше Facebook-ов и мобилните. Ќе се јавиш на старите добри црни телефони и ќе зборуваш со девојка ти или другарите со часови, за 100 тогашни динари месечна претплата, а сега ќе те газат со телефонски сметки по 50-100 евра месечно за мобилен и фиксна.

Ова време (навечер) веќе бев во град, размислував како ќе се организираме за журка или забава. Прво во кафуле, па после во диско! Репертоар на “кафиќи” не многу, ама квалитетни за тоа време. Дискотеки ТОП, со музика и луѓе, нема сељачишта, а работат во прво време до 23 часот, а подоцна од 1986 година после полноќната забава до 03 часот сабајле. Ама затоа имавме повеќе пари, време, убав живот и сите благодети. Само што не знаевме да ги цениме и почитуваме.

Milorar Caic CajoИмавме убаво организиран работен ден од 07 часот до 15 часот, шпицот на сообраќајот беше во 15.30 часот. Гужва низ градот од “аута” колку сакаш, ама не како сега. Само фиќовци, фиат 1300 (тристаќи), застава 101 (југовци), голфови 1, буби и побогатите кои имаа пари мерцедеси, фордови, реноа, цитроени или дијана 6. Тоа беше се што врвеше од “аута” низ градот. А потоа дома на ручек до 16 часот… И се знаеше, време за спиење попладнево од 16 до 17.30 часот. Потоа се организирааат телефонските разговори кој каде ќе оди вечерта. Тие разговори траеа до 19 часот.

Време за спремање од 19 до 20 часот (туширање, шминкање и сите други мастрафи околу дотерувањето). И сите излегувавме во град околу 20 часот. На автобуска гужва од луѓе колку сакаш, не можеш во автобус да влезеш од многу народ-луѓе. Животот во секојдневието полека ја губи сласта и убавината што ја носи новата технологија на современото општество. Но, затоа спомените на минатото остануваат засекогаш. Еее убави времиња, а сега дремам на Facebook и ги немам тие убавини што ги имавме…

(Размислувања на Милоран Цаиќ- Цајо, менаџер)

Можеби ќе ве интересира: