24 Ексклузивно

Ексклузивно: Кеба повторно пее на бугарски

Нашите соработници од Бугарија, ТВ Балканика и Диапазон Рекорс ексклузивно за читателите на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 споделија информација која веруваме дека сите Вас ќе Ве заинтересира, а станува збор за познатиот фолк пејач Драган Којиќ – Кеба, кој моментално е актуелен учесник во тв шоуто “Твоето лице ми звучи познато”.

Овој познат пејач ќе ја воодушеви својата публика и сите оние негови фанови шурум балканот и Европа со својата нова песна “Нема лоше рекламе”. Оваа нова песна Кеба комплетно ја пее на бугарски јазик, а продуцент на истата е продукцијата Диапазон Рекорс, која всушност претставува голема музичка компанија во Бугарија со која овој српски пејач соработува. Како што не известуваат нашите соработници, фолк пејачот наскоро подготвува и видео спот за оваа песна, а премиерата ќе биде на најгледната музичка балканска телевизија – ТВ Балканика во почетокот на 2015-та година.

Инаку, овој познат српски пејач за прв пат своја песна на бугарски отпеа во 2008-та година “Питаш за мене”, песна која и до ден денес е голем и познат хит како во Бугарија, така и во соседна Србија, а и на Балканот воопшто. Шест години подоцна оваа српска музичка легенда повторно сними песна на бугарски, но сега за разлика од првиот пат, песната е комплетно реализирана со познати бугарски музичари. Автор на музиката и аранжманот е Дидо Калпаков, додека автор на текстот Јордан Гергов. Песната е комплетно снимена и миксана во “Master Music Studio” во Бугарија. Фолк пејачот признава дека е премногу задоволен од резултатите на новиот музички проект и нетрпело ја очекува реакцијата на публиката и фановите ширум Бугарија и Србија.

“По прв пат реализирам проект со комплетно целосен бугарски тим. Би сакал да им се заблагодаам на сите кои учествуваа во неговата реализација”, изјавува српскиот пејач и додава:

“Јас сум премногу задоволен од соработката. Се надевам дека оваа песна ќе им се допадне на сите мои фанови и дека истата ќе биде многу послушана и далеку со поголем успех од “Питаш за мене”, изјави Кеба за ТВ Балканика.

Музика24 во соработка со ТВ Балканика

Можеби ќе ве интересира: