“Километри” на Лозано украдена од косовски пејач (Видео)

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната “Километри”, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано. Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивали во Албанија – “Kenga Magjike”.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера. “Феномен” е насловот на албанската песна и е објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја “Феномен” на Кораб Шаќири и воедно споредете ја со македонската песна на Лозано.

Повеќе на Музика24...