24 Ексклузивно

Концертот на Duran Duran во Скопје се одлага за 2021 година

Коронавирусот причини огоромна штета на целата економија и секојдневниот живот во целиот свет. Покрај туризмот и сите бизниси големи штети се нанесоа на Event индустријата, а со тоа и на културно-забавниот живот на сите луѓе. Како што соопштија од Авалон продукција, една од водечките компании во event индустријата кај нас, повеќето концерти за 2020 година се одлагаат за 2021 година. Последниот во низата концерти кој се одложи е и open air концертот на познатите Duran Duran кој не беше официјално најавен, но требаше да се одржи овој септември во Скопје.

Авалон продукција веќе најави дека во 2021 во Скопје ќе ги слушаме Simply Red. Се надеваме дека 2021 година ќе биде многу поуспешна и подобра за сите да уживаме во уметноста.

Можеби ќе ве интересира: