ЕКСКЛУЗИВНО: “Лексингтон бенд” ќе настапат на “Преспански јаболкобер” во Ресен (Фото)

Водечкиот македонски музички портал Музика 24 Ви пренесува уште една ексклузивна информација. Популарниот српски бенд “Лексингтон бенд” ќе настапат на манифестацијата “Преспански јаболкобер” во Ресен. Манифестацијата традиционално се одржува кон крајот на септември, во деновите околу православниот празник Крстовден. Настапот на “Лексингтон бенд” е закажан за 27-ми септември.

Организаторот Општина Ресен сеуште ја нема објавено целосната програма. Во музичкиот дел на фестивалот изминатите години настапија многу познати изведувачи од земјава и регионот како: “Црвена Јабука”, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лозано и многу други.

Следете го музичкиот портал Музика24 за уште ексклузивни информации.

Повеќе на Музика24...