Градоначалникот на Прилеп открива: Не знаеме дали ќе се оддржи “Пивофест”

Сите добро знаеме дека се наоѓаме во еден многу чувствителен период од годината, и од нашиот живот, знаејќи дека сеуште се наоѓаме во вонредна состојба со полициски час и одредени препораки кои секако мора да се почитуваат, пред се за наше добро и добро за нашите најблиски. Како поминуваат месеците се наближуваат и неколкуте манифестации кои традиционално се одржуваат во градот Прилеп (Македонскиот традиционален театарски фестивал “Војдан Чернодрински”, Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”…), а меѓудругото ќе го споменеме и традиционалниот фестивал на скарата и пивото “Пивофест” кој што оваа година треба да прослави 18 години од своето постоење, и кој што е еден од препознатливите белези на градот под Марковите кули.

Екипа од музичкиот портал Музика24 стапи во контакт со Градоначалникот на градот Прилеп Илија Јованоски, а тој ексклузивно за нашиот музички портал во врска со одржувањето на веќе споменатите манифестации кои треба да се оддржат во месеците кои следат, изјави:

“Разговаравме околу одржувањето на “Пивофест”, одржувањето на театарските игри “Војдан Чернодрински”, фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” и до овој момент навистина неможеме да кажеме ништо. Да видиме прво што ќе каже комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и може само да се надеваме и да имаме желби. Ќе ги почитуваме сите позитивни чекори за да одиме кон тој правец. Не би можеле вистински да знаеме. Ние би сакале, но не би сакал да шпекулирам сеуште е рано за такви сознанија да имаме и сеуште се само желбите наши кои ги имаме, ништо друго не би можел да ви кажам во овој момент”, изјави Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски за музичкиот портал Музика24.

Неофицијално во разговор со вработени од општина Прилеп дознаваме дека е кажано дека до крајот на тековната 2020-та година нема да се случуваат големи народни собирања и манифестации. Што и како ќе се случува, ќе дознаеме во идниот период, а дотогаш останува да се надеваме дека сето ова корона лудило што побргу ќе исчезне и ќе се вратиме во нормалниот и секојдневен живот.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com