24 Ексклузивно

Огнен Јанески: Времето си го поминувам со блиското друштво, драги луѓе, книгите, музиката и убавата фотографија (Фото)

Доколку се прашувате каде е и што прави, Огнен Јанески кој е еден од уредниците и водители во националната и сателитска Телевизија24, се одмора во еден од најубавите македонски туристички центри, Охрид. Тој изминатиот период го посвети на себе си, блиските пријатели, луѓето со кој одамна се нема видено, како и на прошетка и запознавање на Македонија и сите убавини со кои изобилува оваа наша прекрасна држава.

Од една од охридските плажи каде се одмара не поздравува и за музичкиот портал Музика24 вели:

“Времето генерално си го поминав со блиското друштво. Бев во Охрид и во Струга. Поводот беше за концертот на Амира Медуњанин, која ни приреди прекрасна вечер, уживајќи во изведбите на голем дел од нашите – македонски песни, а особено се радував на одличните интерпретации на “Ако знаш било што” и на “Чула јесам да се драги жени”. Останатиот период го поминав со дружби на омилената – трета плажа во Градиште, каде што секој пат одам кога имам можност за летниот период во Охрид, а овој пат неизбежно беше и шетањето низ Охридското Езеро со глисер.

Се радувам што си се видов раат со драгите мои луѓе и што имав можност повеќе да се посветам на книгите, музиката и убавата фотографија. Кратко се враќам на работа два дена за дополнителни интервјуа со Дарко Рундек и со Жељко Бебек, а потоа повторно викендот во Охрид. Иако, главниот одмор ми е во септември, сепак користам можност секојпат да си ја одржувам љубовта со туристичките дестинации низ нашата Македонија”, изјави Огнен Јанески за Музика24.

Ние од се срце му посакуваме убав и одлично поминат мини одмор, со нетрпение ги очекуваме интервјуата кој само тој знае на негов оргинален начин да направи да бидат интересни, а истовремено да дознаеме и нешто повеќе за музичките ѕвезди со кој разговара.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: