Мега популарната Драгана Мирковиќ на 16-ти декември најави голем спектакуларен солистички концерт во арената Армеец во Софија, соседна Бугарија. По тој повод, таа комплетира сосема нова супер група која што ќе биде составена од најдобрите српски музичари и тоа специјално за концертот во Софија.
Нашите соработници од продуценската куќа Moko Solution, не известуваат дека билетите кои што во секое време можете да ги купите on line, се продаваат по цена од 20 до 50 лева.
Доколку сте голем фан на познатата фолк пејачка и доколку сакате да поминете одлична вечер со нејзината музика и песни, Ви препорачуваме уште одсега да набавите билети и со нетрпение да го очекувате 16-ти декември, кога преновогодишно ќе имате можност одлично да се забавувате.
Подготви: Иван Јосимовски