24 Ексклузивно

Ексклузивно: Шабан Шаулиќ ќе пее на свадбата на фолкерката Гавазова

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова и љубовта на нејзиниот живот Јасмин Кузуровиќ, во петок во познат хотел во Струмица ќе прават голема македонска свадба. Иако тие се во брак речиси седум месеци и заедно ја имаат ќеркичката Емили, тие одлучија на македонски терен и со своите најблиски колеги, пријатели и роднини да ја прослават оваа голема радост и веселба. Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, на свадбата се поканети околу 400 гости, а самата церемонија ќе биде спроведена по одреден протокол. Поканети се многу познати музички имиња од македонската музичка сцена меѓу кои ќе ги споменеме: Андријана Ацевска (Кеш), Татјана Лазаревска и Новица Василевски, членовите од групата “Дрим Тим”, Зуица Лазова и Наум Петрески… како и многу други нејзини колешки и колеги од фолк и поп сцената.

Според нашите информации, стартот на големата веселба ќе започне со “Агушеви” (по желба на младоженецот Јасмин), додека свадбата пак ќе продолжи со “Тешкото” во изведба на КУД “Мирче Ацев” од Скопје. По желба на кумовите, првата песна која што ќе се отпее ќе биде “Дафино, вино црвено”, додека за забавата во текот на целата вечер ќе се погрижи групата “Болеро”, Ранко Рангелов, како и поп пејачката Нина Јанева која ќе се погрижи за забавниот дел од песните.

Saban SaulicЕксклузивно дознаваме и Ве информираме дека како специјален гостин на големата свадба на нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова и нејзиниот избраник Јасмин Кузуровиќ ќе биде познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ кој освен веќе споменатите изведувачи погоре, исто така ќе ги забавува присутните гости. Не е искучено дел од нејзините колеги да запеат на свадбата, како и самата Гавазова која претпоставуваме ќе отпее дел од своите омилени песни. Редакцијата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 на младоженците им посакува многу здравје, среќа, радост, љубов и секако мнооогу слатки дечиња.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: