24 Ексклузивно

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ повторно доаѓа во Македонија (Фото)

Неодамна беше во Прилеп и Гевгелија, направи вистинска забава, вечер која девојките долго ќе ја паметат. Познатиот поп пејач од Србија Саша Ковачевиќ повторно доаѓа во Македонија. По снимањето на видео спотот за песната “Ноч до подне”, промоција на истата и настапи низ Европа, девојки повторно спремајте се!

“Браним”, “Могли смо све”, “Лапсус”, “Случајно”… ќе бидат дел од песните кој Саша ќе ги отпее пред публиката во Кочани на 26-ти јули во дискотеката “Aqua” која се наоѓа на градскиот базен во овој град. Вториот негов настап во Македонија е најавен за 1-ви август во дискотеката “Селект” во градот со најдобра ноќна забава – градот Струмица.

Sasa KovacevicПа доколку сте негов фан, ја слушате неговата музика и песни и секако сакате незаборавна луда и вечер за која долго ќе говорите и раскажувате, не размислувајте, туку уште одсега организирајте го Вашето друштво, девојка, дечко или пријатели и секако одберете кога и со кого ќе се забавувате на настапот на Саша Ковачевиќ. Специјалираниот македонски музички портал и овој пат, како и претходните, ќе биде медиумски покровител на настапите на Саша Ковачевиќ.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: