24 Ексклузивно

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ со голем концерт во Скопје следната година (Фото)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека познатиот балкански поп пејач, момчето кое што ги испеја најубавите и емотивни балади, Саша Ковачевиќ конечно ќе има свој голем концерт пред македонската публика. Како што пишуваат балканските портали, Ковачевиќ ја најавил големата балканска турнеја каде што ќе ги престави старо-новите песни, кој претпоставуваме веќе сите добро ги знаете.

Sasa KovacevicСпоред предвидениот план и распоред, тој свои концерти ќе одржи во неколку поголеми балкански градови, меѓу кои ќе ги споменеме Сараево, Ниш, Нови Сад… а секако во неговата агенда е и нашето Скопје, каде според наши извори концертот ќе се одржи во спортската арена “Борис Трајковски”, во текот на најпролетниот месец – месец март.

Sasa KovacevicДодека сите Вие од помалите градови (Гевгелија, Штип, Прилеп…) изминатото лето имавте ретка привилегија заедно со Ковачевиќ да ги пеете неговите најголеми хитови: “Браним”, “Могли смо све”, “Случајно”, “Лудак”, “Ноч до подне”, “Како после нас”… следната година сите негови фанови, обожаватели и сите оние на кои им се допаѓаат неговите песни, ќе имаат можност на големиот скопски концерт заедно во еден глас тоа да го направат, како и секогаш заедно со него, момчето со најубавите балади Саша Ковачевиќ.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: