24 Ексклузивно

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ со перфектно совршен концерт во “Кадмо” – Охрид

Како и секогаш досега, така и вчеравечер познатиот сладок и премногу посакуван српски поп пејач Саша Ковачевиќ оддржи одличен концерт за сите оние кои моментално летуваат и се забавуваат во најубавиот македонски туристички центар, преубавиот Охрид. Ковачевиќ настапи во летната дискотека “Кадмо”, која што верувале или не беше навистина преполна. Познатите хитови кои овој пејач ги пее “Случајно”, “Ноч до подне”, “Лапсус”, “Браним”, “Како после нас”, “Могли смо све”… и многу други, заедно со публиката едноставно ечеше и “Кадмо” и Охрид.

Sasa Kovacevic_kadmo ohridДоколку ја пропуштивте вчерашната одлична забава во Охрид, без гајле, реприза за сите вас овој познат балкански пејач ќе ви подготви на 31-ви јули на истото место, “Кадмо” во Охрид. Инаку, вечерва 25-ти јули Ковачевиќ настапува во летната дискотека “Aqua” во Кочани. Повторна средба овој познат и надалеку баран поп пејач на македонската публика и закажува за 7-ми и 8-ми август кога повторно ќе оддржи одлични концерти и тоа, 7-ми август во Струмица и следниот ден 8-ми август во Велес.

Саша Ковачевиќ во ексклузивно интервју за Специјализираниот македонски музички портал Музика24, за времетраење на овогодинешното издание на “Пивофест” во Прилеп најави снимање на видео спот за една од неговите нови песни во Охрид. Дали тоа ќе се случи и дали Ковачевиќ ќе сними видео спот во нашиот преубав Охрид и воедно ќе ги проимовира негоите убави, незнаме, но се надеваме и веруваме дека ветувањето што го даде на нашата екипа кога-тогаш ќе го оствари.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: