Старлетата Александра Накова и покрај решението за самоизолација шетала низ центарот на Гевгелија

Како што дознава Музика24 од официјални информации, познатата македонска старлета која при влез во Македонија и било откриено дека е позитивна на Ковид-19, и на која и било одредено мерка за самоизолација, во текот на денешниот ден го напуштила станот и се движела низ центарот на градот, а со самото тоа го прекршила решението за самоизолација, при што од страна на МВР и е изречена казна од 700 евра и е спроведена во државен карантин на сопствен трошок, според новите правила.

Според информациите кои што ги добивме, Накова знаејќи дека е позитивна на Ковид-19 свесно се дружела и контактирала со нејзини блиски пријатели, познаници при што на голем број на граѓани од Гевгелија е доведено во прашање нивното здравје и се доведени во опасност од потенцијалната зараза.

Таа извесен период беше во соседна Србија, каде исто така бројот на новозаболени од Ковид-19 секојдневно се повеќе и повеќе се зголемува.

Повеќе на Музика24...