24 Ексклузивно

Светски познатиот Брајан Адамс со концерт во Софија

Една од најголемите светски ѕвезди во историјата на музиката и со над 30- годишна кариера и голем број на хитови зад себе, секогаш на врвот од топ листите, Брајан Адамс кој го паметиме по неколкуте легендарни балади, доаѓа во соседна Бугарија, со голем спектакуларен концерт во Софија.

Нашите соработници од бугарската продукција Moko Solution не известуваат дека билетите за овој голем концерт се веќе пуштени во продажбаи истите чинат од 60 до 120 лева кои можете во секое време да ги купите и online, а истиот ќе се одржи некаде наесен, односно, на 11-ти октомври во арената Армеец.

Концертот ќе биде во дел од светската турнеја “Get Up” на изведувачот, која започна на 8 април во Хјустон (САД) и ќе помине низ најголемите градови во Северна Америка и Европа. Бугарската и балканска публика ќе може да ужива во најголемите хитови на Адамс, меѓу кои недостижните класици како “Run to you”, “Everything i do (I do it for you)”, “Please forgive me”… и многу други.

Bryan Adams_posterБрајан Адамс е со статус на една од најголемите легенди во историјата на музиката со продадени над 65 милиони албуми и безброј хитови. Бил број еден во над 40 земји и држел концерти на шест континенти. Награден е со Орденот на Канада, воведен е во Канадската сала на славата и има ѕвезда на Канадското шеталиште на славните, како и на она во Холивуд. Пејачот со години одржува врска со личната асистентка Алисија Грималди, со која има две ќерки – Мариб Бани и Лула. Едно од хобиата му е фотографијата на која се посветува со голем успех, снимајќи сесии за најпрестижните модни списанија.

Брајан Адамс е роден во Кингстон, Канада во семејството на воено аташе. Поради професијата на неговиот татко, детството му поминува во различни земји како Англија, Канада, Израел, Франција, Португалија и Австрија. Брајан ја започнува својата музичка кариера на 15-годишна возраст, кога го напушта училиштето и почнува да свири во групи како Shock и Sweeny Todd. Неговиот прв самостоен албум издаден во 1980 година и го носи неговото име.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: