Музика на кирилица

Ексклузивно: Тања Царовска сними песна со Крис Боти “Севдах” (Аудио)

Дали се сеќавате на нашата некогаш многу позната македонска поп пеачка Тања Царовска? Девојката која што се прослави со песната “Само мој”, денес живее и работи во Лондон каде што освен останатото, таа во секоја прилика ја промовира и македонската музика.

Таа од неодамна учестувува во вокално-инструменталниот албум на Крис Боти кој што оваа година се закити со најпрестижната светска музичка награда “Gremmy 2013”. Доделувањето измина, а манифестацијата која што се одржа во познатиот Холивуд, беше исполнета со многу познати светски ѕвезди.

Оваа година, меѓудругите награди, награда за најдобар поп-инструментален албум ја доби американецот Крис Боти, долгогодишен музичар кој на својот победнички албум “Impressions” има снимено песна заедно со нашата македонка Тања Царовска.

Музиката за истата ја има напишано оскаровецот Габриел Јарет, а текстот адаптиран за хорско пеење е на Царовска, која што со својот прекрасен, милозвучен, нежен глас и препознатлив стил го надополнува она што сакал авторот да го постигне. Инаку, до заедничката соработка помеѓу Боти и Царовска се случила кога тој со својата музичка екипа од Лос Анџелес специјално допатувал во Лондон за да ја сними песната “Севдах” заедно со неа во познатото светско лондонско студио “AIR”, сопственост на Џорџ Мартин менаџерот на легендарните Битлси. По снимањето Боти секако бил задоволен од веќе чуеното, и на Царовска и понудил идни музички проекти за заедничка соработка.

Во продолжение преслушајте ја песната, дел од наградениот греми поп-инструментален албум за 2013-та.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: