24 Ексклузивно

Успешно заврши и второто издание на младинскиот музички фестивал “Cover fest”

Во петокот на 6-ти ноември, во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп се одржа второто издание на младинскиот музички фестивал “Cover fest”. И оваа година, како и минатата, фестивалот доби двоен победник, односно мислењето на стручната жири комисија и на присутните во публиката беше идентично. Двете први места сосема заслужено ги освои Доротеа Дамјановска со прекрасната изведба на песната “If I aint got you” од Alicia Keys.

Според правилата на фестивалот, Доротеа ќе сними авторска песна и еден кавер, додека другата авторска песна ја препушта на второпласираниот од жири комисијата, а тоа е Антонио Гешоски.

CoverfestОрганизаторите на “Cover fest” одлучија и второпласираниот од публиката Марио Ангелевски, кој имаше мошне впечатлив настап придружувајќи се себеси на гитара, наместо кавер, да добие авторска песна. Двете третопласирани девојки, Елеонора Џоџоска според жирито и Марија Јаковлеска според публиката, ќе снимаат кавери. Песните ќе се снимаат и продуцираат во “R music studio”, еден од организаторите на фестивалот, додека другиот организатор Фан продукција, ќе реализира видео клипови за сите шест песни.

Coverfest_Mario AngelevskiНаградата “Музички амбасадор на град Прилеп”, која лани ја добијаа момците од рок бендот “The Hounds”, на ова издание на “Cover fest” ја доби Денис Димоски, познат на поширокиот аудиториум по мошне успешните настапи на регионалното музичко натпреварување Пинк ѕвезди. Покрај него, во ревијалниот дел настапи и Теодора Зероска, една од минатогодишните добитници на наградите. За неколку денови сите изведби на фестивалот ќе бидат прикачени на музичкиот интернет канал You Tube, така да може да ги види секој вљубеник во убавата песна во Македонија.

Coverfest_Denis Dimoski_Teodora ZeroskaВо меѓувреме, ги очекуваме и авторските песни на наградените на младинскиот музички фестивал “Cover fest”, чиј уметничкиот директор Душко Темелкоски се надева на постепено негово прераснување во иднина од локален во национален ранг.

Од Прилеп за Музика24: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: