Балканленд

20.000 евра казна за погрешно пеење на химната на Црна Гора

Пејачката на етнo и духовна музика Даница Црногорчевиќ на 6 јануари за време на Бадник пред храмот Христово Воскресение во Подгорица ја испеа црногорската химна „Ој свијетла мајска зоро“. Имено, таа ја изведе со малку поинаков текст кој зборува за заедничкото херојско минато и братството на Србија и Црна Гора, односно ја отпеа оригиналната верзија на песната. Наместо официјалниот текст на химната таа ја отпеаа изворната народна песна со спорни елементи од типот дека Црна Гора е српска држава. Црногорчевиќ е веќе позната по своите националистички ставови и просрпска ориентација

Majko naša Crna Goro!

Na tvojim se vrletima

Razbi sila dušmanina.

Jedina si za slobodu

Ti ostala srpskom rodu.

Daće Bog i sveta Mati

Da se jednom sve povrati. – гласи спорниот дел од изворната песна кој е исфрлен од официјалната химна.

Пејачката може да биде казнета со парична казна од 300 до 2.000 евра, додека СПЦ како организатор на настанот може да одговара за прекршоци со парична казна од 1.000 до 20.000 евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Стиховите што ги пеела потекнуваат од 19 век, што значи дека се работи за оригиналната верзија, која не е променета, па многумина велат дека Црна Гора нема основа за тужба.

Песната „Oj junaštva svijetla zoro“ која датира од 1863 и 1884 година е долг кон нашите свети предци и кон нашата светла историја. Тоа што за нашите современици е несфатливо не е наш проблем, туку нивни, бидејќи тие не ги толкуваат на вистински начин историските факти. Нашата идеја се заснова на идејата за „горски венец“ и  почива на Караѓорѓе, Косовскиот завет и најубавите вредности со кои е обдарена нашата нација. – рече таа.

Во продолжение снимка од спорната изведба на Црногорчевиќ.

Можеби ќе ве интересира: