Балканленд

Почина Мерима Његомир

По кратко боледување, на 68-години почина познатата пејачка на народна музика Мерима Његомир.
Веста ја потврдила нејзината ќерка Љубица.

-Точно е, изјавила кратко таа.

Јавноста неодамна дозна дека таа се бори со тешка болест. За дијагнозата пејачката дознала во септември и од тогаш беше повлечена од јавноста.

Мерима снимила повеќе од 25 албуми и испеала некои од безвременските хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други.

Песната „Иванова корита“, која Мерима ја сними во 2001 година на крајно тивок и ненаметлив начин, стана голем хит, што е многу необично. Иако пејачката продолжи да снима песни и албуми, по таа 2001 година, ниту една од песните не успеа да ја надмине популарноста на „Иванова корита“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....