Балканленд

Аца Лукас на четиринаесетото издание на “Пиво фест” во Прилеп (Фото)

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, оваа година и официјално четиринаестото издание на “Пиво фест” во Прилеп започнува на 14-ти јули и ќе трае се до 17-ти, а меѓу главните музички имиња на оваа манифестација се споменува и познатиот балкански пејач Аца Лукас кој би требало свој концерт да има на претпоследниот ден односно на 16-ти јули. Тој за својот настап на “Пиво фест”, како и за сите останати, веќе објави на својата официјална фејсбук фан страница.

Aca Lukas_programa na nastapiИскрено веруваме и се надеваме дека организаторите на овогодинешното изадание на “Пиво фест” ќе ни ги откријат сите детали околу овој познат македонски музичко-забавен фестивал, како и сите останати музички изведувачи кои воедно со своето име ќе привлечат голем број на свои фанови како од Македонија, така и од Балканот. Но што е тука е… ни останува уште само да ја дочекаме официјалната програма која веруваме дека многу скоро ќе имаме привилегија да Ви ја презентираме.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: