Балканленд

И Александра Радовиќ дел од четиринаесетото издание на “Пивофест”

Како поминуваат деновите, така организаторите се повеќе и повеќе ни ги откриваат музичките имиња кои што ќе настапат на овогодинешното издание на “Пивофест”. Меѓу веќе споменатите имиња за кои веруваме веќе прочитавте на нашиот музички портал Музика24, се споменува и името на една од можеби најдобите српски поп пејачки во последната деценија. Станува збор за неповторливата, романтична и секогаш оргинална Александра Радовиќ.

Македонската публика за прв пат Радовиќ ја запозна во средината на април 2011-та кога во Универзалната сала таа заедно со својата екипа имаше интересен, емотивен, интимен и концерт за кои и ден денес после толку години се зборува. Чест беше да се присуствува на концерт кој верувале или не ја наполни Универзалната, иако според тогашните информации директно од самата пејачка, таа беше изненадена од присутната публика и од песните кои речиси немаше кој, а да не пееше во ист глас со неа.

Aleksandra Radovic_skopski koncert 2011

Денес оваа позната поп пејачка има зад себе голем број на познати хитови кои младите, посебно оние заљубените, веруваме дека многу добро ги знаат. Во продолжение, преслушајте и уживајте во можеби еден од нејзините најголеми хитови, а да не заборавиме и овој пат да Ве потсетиме, “Пивофест” започнува на 14-ти и ќе трае четири дена, се до 17-ти јули.

Текстот го подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: