Балканленд

Александра Радовиќ повторно ги воодушеви Сараевчани

Сараевскиот “Coloseum Club” синоќа бил премал да ги прими сите обожаватели на песните на Александра Радовиќ, па многу од присутните успеале да дојдат, но само до влезот. Оние поупорните своите влезници ги имаа резервирано претходните денови и ја имаа таа привилегија да ја поминат вечерта слушајќи ги: “Зажмури”, “Чувам те”, “Чувај моје срце”, “Карта за југ”… и многу др.

Радовиќ без ни малку одмор на сцената пеела повеќе од два часа и таа уште еднаш напоменала дека во Сараево се чувствува како дома, бидејќи е познато дека оваа позната српска пејачка секоја сезона доаѓа во претолнината на Босна и Херцеговина, кога за нејзиниот концерт има најогромно интересирање.

Енергијата на публиката го достигна својот врв кога на репертоарот се најдоа побрзите песни на Александра како што се: “Бивши драги”, “Ниси мој”, “Чувај моје срце” која публиката ја пееше од почеток до крај.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: