Балканленд

Македонецот Ален Хасановиќ ги урива рекордите во “Ѕвездите на Гранд” (Видео)

Ален Хасановиќ, харизматичното момче кое со својата одлична интерпретација на хитот “Као моја мати” од Здравко Чолиќ го воодушеви шесточленото жири на “Ѕвездите на Гранд” и ги крена на нозе Саша Поповиќ и Лепа Брена кои го наградија со аплауз, со еден милион прегледи се пласираше високо во ТОП 20 најгледани Јутјуб видеа на каналот на “Гранд продукција”.

Според официјалната You Tub статистика, хитот “Као моја мати” од Здравко Чолиќ во изведба на Ален Хасановиќ на телевизиското шоу “Ѕвездите на Гранд” сезона 2014/2015 во моментов има гледаност од точно 1,097,000 прегледи, а со тоа е најгледаното видео од новата сезона, но и 20-то по ред најгледано видео од постоењето на You Tube каналот во сопственост на “Гранд продукција”. Хасановиќ со оваа изведба успеа да го воодушеви жирито, но и да го освои регионот. Шабан Шаулиќ тогаш, за еден српски медиум изјави:

“Овој дечко има неверојатен глас и голема контрола на него”.

Од овој викенд започна вториот круг од музичкиот натпревар “Ѕвездите на Гранд” каде наизменично настапуваат по двајца кандидати и се избира подобриот со што тој директно се пласира понатаму во шоуто, без да пее бараж. Додека очекуваме да видиме со кои песни 22-годишниот прилепчанец, Ален Хасановиќ ќе настапи во вториот круг, да се потсетиме на неговата маестралната изведба на хитот “Као моја мати” од Здравко Чолиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: