Балканленд

Ален Хасановиќ во “Ѕвездите на Гранд” отпеа мега хит од Тоше (Видео)

Харизматичното момче кое ги освои симпатиите на балканската публика, уште кога прв пат се појави на големата гламурозна сцена на реномираниот музички натпревар “Ѕвездите на Гранд” конечно во третиот круг отпеа македонска песна и повторно го воодушеви жирито кое не штедеше на зборови за да го пофали.

Со нови правила и предизвици за натпреварувачите во саботата (21-ви март) гледачите имаа прилика да ја проследат првата емисија од третиот круг во “Ѕвездите на Гранд”. Нашиот извонреден натпреварувач Ален Хасановиќ настапи во последната тројка заедно со Минел Спаховиќ и Жарко Маџиќ, а на сцената ги отпеа хитовите “Да је туга снијег” од Дино Мерлин и македонската “По тебе” од Тоше Проески.

Извонредниот Ален Хасановиќ со својата фантастична интерпретација на хитот “По тебе” од Тоше Проески, уште еднаш го воодушеви шесточленото жири и ги крена на нозе сите присутни во публиката. Само 30 секунди беа доволни за младиот македонски пејач да си обезбеди влез во четвртиот круг и да ги добие најдобрите коментари.

“Јас гласав после 30 секунди за Ален Хасановиќ. Беше толку нежно, како млеко кога тече. И гласот, и интерпретацијата, се легна како што треба. Ми беше мило да те слушам”, кажа Шабан Шаулиќ претседателот на жирито.

Со шест ѕвезди, Ален Хасановиќ се пласираше директно во четвртиот круг, а Минел Спаховиќ во баражот, додека Жарко Маџиќ поради малиот број на гласови отпадна од натпреварувањето. Поголемиот дел од жирито изрази жалење што третиот кандидат отпадна, на што Шабан прокоментира дека негова несреќа е што продукцијата го ставила во тројка со извонреден пејач каков што е Ален Хасановиќ.

alen hasanovic zg31Како потсетување, во првиот круг натпреварувачите настапуваа соло, но пред нив имаше завеса која се креваше како што добиваа гласови. Во вториот круг, завесата остана, но наместо соло, пееја во дуели. Во третиот круг критериумите се зголемија, а жирито го гледа целосниот настап на натпреварувачите и според тоа ги оценува. Поради Ден на жалост во соседна Србија, третиот круг започна со емитување на 21-ви март, наместо како што беше планирано, на 14-ти март.

Во продолжение, погледнете го во целост настапот на Ален и останатите натпреварувачи, како и гласањето и коментарите на жирито.

https://www.youtube.com/watch?v=GQows0-CkIQ

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: