Балканленд

Ален има големо срце, повика сите да гласаат за Филип Божиновски (Видео)

Да си талентиран и успешен не секогаш значи да бидеш дрзок и себичен, доказ за тоа е нашиот Ален Хасановиќ кој на продукцијата “Гранд” и одржа лекција и јавно повика сите да го поддржат и да гласаат за Филип Божиновски во баражната емисија која ќе се емитува на 13-ти јуни. Како вистинска ѕвезда, Хасановиќ се заблагодари од срце за несебичната поддршка од публиката, пријателите и соработниците кои му овозможија влез во големото грандиозно финале на “Ѕвездите на Гранд”, а на своето другарче, како што рече сам, му посакува среќа во баражната емисија.

Дуелот го отвори Филип Божиновски со “Соба за тага” од Тоше Проески, а потоа ја отпеа “Пјевам дању, пјевам ночу” од Здравко Чолиќ, додека Ален Хасановиќ на сцената ги отпеа “Плавуша” од Крунослав Кичо Слабинац и “Гори ватра” од Здравко Чолиќ. Строгото стручно жири гласаше 6:0 во корист на Ален Хасановиќ кој директно се пласираше во финалето, а Филип Божиновски ќе оди во бараж на 13-ти јуни и од таму ќе се бори за влез во големото грандиозно финале.

“Можеби сега ќе бидам малку суров, но двојката ја издува единицата. Крали Марко од Прилеп секоја ти чест! Мајсторе ти покажа сега што е динамика пеење”, прокоментира Босанац за Ален и упати неколку совети до Филип. Ана Бекута кажа дека е горда што гласала за Ален:

“Јас сум горда што гласав за тебе Ален, добро е што се сретнавте вие двајца, ти покажа колку си помоќен со својот глас. Песната “Плавуша” отпеана феноменално, тука го покажа сиот свој талент”, истакна Бекута. Претседателот на стручното жири, Шабан Шаулиќ рече:

“Филип е одличен пејач, ова беше вистински натпревар меѓу Македонци! Јас секогаш гласав за тебе Филип, меѓутоа сега не знам кој и да беше со Ален, Ален ќе го оддуваше. Толку добро пееше, толку многу влегуваше во некои авантури пејачки, измислуваше некои мелодии, така да гледаш дека тој е сигурен во себе кога носи нешто ново што не е снимено на плочите на изведувачите. Ален пееше како што сакаше, тој просто се шегуваше со песните, но е пејачиште големо се гледа. Моќ, грло, глас, убива од сите страни. Сега не знам кој и да беше со него не би поминал добро, не би имал никакви шанси. Ален ова го одработи како никогаш досега, само така напред” рече Шаулиќ.

Аца Лукас и Снежана се согласија со Босанац дека кој и да беше во дуел со Ален едноставно ќе изгубеше, додека Зорица Брунцлик побара од Ален почесто да се смее, бидејќи многу убаво му прилега насмевката. Саша Поповиќ, новиот менаџер кој ќе се грижи за кариерата на нашите фантастични натпреварувачи кажа дека од Ален очекува во следното издание да го види во помладешка облека, бидејќи има само 23 години, додека од Филип побара да се покаже во најдобро светло на 13-ти јуни.

Во продолжение, уживајте во настапите на овие наши два фантастични пејачи кои ги очекува блескава кариера, големи тиражи и преполни стадиони.

https://youtu.be/Mtlvvqwx4tg

FOX

Можеби ќе ве интересира: