Теа Таировиќ за 10 настапи во Америка ќе заработи 150.000 евра. Пејачката заминала на двонеделна турнеја, која неколку месеци наназад била распродадена, а за само еден настап организаторите морале да платат 15.000 евра.
Таировиќ до сега настапуваше 4 пати, а како што наведува изворот, до крајот септември ја очекуваат уште 6 настапи. Теа е на листата на најплатени пејачки во регионот. По концертот на „Ташмајден“ во Белград пред околу 10.000 луѓе, нејзината цена скокнала високо.
„Пред концертот настапот на Теа чинеше 7.000 евра, а сега е 15.000. Исто така, за сите настапи каде настапува, нејзиниот менаџерски тим бара да има авионски карти во бизнис-класа, а тоа дополнително ги зголемува трошоците. И покрај тоа, побарувачката за неа е огромна, бидејќи забавата е загарантирана“, изјавил извор за српски „Информер“.