Балканленд

Ана Бекута се повлекува од јавноста: Откажани сите концерти и снимања

Еден ден по погребот на Милутин Мркоњиќ со соопштение се огласи неговата речиси десетгодишна емотивна партнерка Ана Бекута. Како што најави таа се повлекува од јавноста, а под знак прашалник се и новогодишните концерти. Изјавата на Ана ја пренесуваме во целост:

“Почитувана српска јавност, драги пријатели и колеги, моја сакана публико. Ви благодарам за големата поддршка што ми ја дадовте во најтешките денови од мојот живот. Ви благодарам за секоја порака, покана и изразување на сочувство што ја добив откако Милутин не напушти. Посебна благодарност до персоналот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ проф. Д-р Милован Бојиќ, кој беше на чело на тимот и еден месец навистина даде се од себе во борбата за живот на Милутин. Благодарност и до СПС за организирањето на погребот и за големата поддршка што ни ја пружија. Решив да се повлечам од јавноста. Ги откажувам сите настапи кои беа закажани во текот на декември. Ги откажувам сите интервјуа, емисии и програми во кои требаше да учествувам и им се извинувам на нивните организатори. За новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука јавноста подоцна ќе биде информирана. Ги замолувам медиумите уште еднаш професионално да си ја завршат работата, да не измислуваат приказни и интриги кои не се случиле и да ја почитуваат мојата приватност во овој тежок период. Ви благодарам многу, драга моја публико. Вие сте, заедно со моето семејство и пријателите, мојата најголема сила”.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....