Балканленд

Ана му ја исполни желбата на Мрка: Ова е новиот дует на Ана Бекута (Видео)

По смртта на партнерот Милутин Мркоњиќ, фолк ѕвездата Ана Бекута ја стави на пауза својата пејачка и дискографска кариера, но направи еден исклучок. Имено, Бекута не можеше да ја одбие поканата на нејзиниот долгогодишен соработник Стево Сименуновиќ , за да го спои гласот со неговата сопруга Зорана.

Иако и беа потребни неколку месеци за повторно да влезе во студио, Ана на крајот се согласи и сними дует наречен „Грам“, чиј главен иницијатор беше Мрка. Соработката на двете пејачки дојде по наговор на нивните партнери, но Мрка кој едвај чекаше да слушне како звучи песната со потпис на хитмејкерот Симеуновиќ, почина во ноември 2021 година.

со голема почит кон Ана, благодарна сум и што денеска бев овде за остварување на еден од моите најголеми соништа. Благодарна сум за трпението и разбирањето, и покрај ситуацијата во која се наоѓа. – рече Зорана и пушти неколку солзи.

Ана долги години соработува со Стево, кој е автор на многу нејзини хитови.

Со Зорана снимивме дуетска песна која ќе се најде на нејзиниот албум. Таа е инаку сопруга на мојот добар соработник кој направи многу хитови за мене и ова е враќање на мојот долг кон Стева и неговата сопруга Зорана.- изјави Ана.

Сопругата на популарниот композитор Стив Симеуновиќ не ја криеше радоста и среќата што на нејзиниот деби албум ќе се најде дует со една од нашите најголеми ѕвезди.

Можеби ќе ве интересира: