Балканленд

Ана Николиќ и Раста повторно заедно?

Раперот Раста беше осуден за поседување наркотични средства, а неговото пристигнување во Палатата на правдата го придружуваа многу папараци.Тој беше осуден на 12 месеци домашен притвор врз основа на договор за признавање вина за поседување наркотични средства.

Тој дојде во Првиот основен суд во придружба на неговиот адвокат и влезе во судницата со видливо расположение. Кога го заврши судскиот спор, тој кратко рече дека е среќен што сè конечно заврши.

“Правдата е бавна, но остварлива. Фала му на Бога, конечно, сè заврши. Бев осуден една година”, истакна раперот по тој повод. Додека неговиот адвокат откри дека Раста ќе има право секој ден да пешачи по еден час, но и да го напушти својот стан за да оди на работа или на лекар. Прстенот на неговата рака го привлече вниманието. Имено, Раста сè уште носи венчален прстен, кој одамна го извади неговата поранешна сопруга Ана Николиќ.

Можеби ќе ве интересира: