Балканленд

Ана Николиќ се огласи по повод изборот на нов српски патријарх (Фото)

Денешниот избор за нов патријарх на Српската православна црква е главна тема во српската јавност. Се шпекулира со неколку фаворити, а социјалните мрежи вријат од статуси на поддршка за еден или друг кандидат. Со свој став и кандидат не изостана и пејачката Ана Николиќ, која на Instagram ја сподели својата поддршка за митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј.

Нека биде тоа што мора да биде. Нека биде волјата Божја, но јас верувам со овие очи, и неговите зборови и дела. И си дадов за право да зборувам јавно на оваа тема, бидејќи тоа е дел од мојот живот, растејќи покрај дедо свештеник и свештеничко семејство. Слушав толку многу негови беседи и говори. Ова е пред сè духовник, и лично мислам дека само тој ни треба. Денес повеќе од кога било – 18.02.2021. Еве, се осмелив да ги кажам своите желби и мислење, јас најгрешната.

Можеби ќе ве интересира: