Балканленд

Ања Рупел: Дуетот со Тоше е врв во мојата кариера! (Фото)

Ања Рупел се враќа на концертната сцена. Неодамна таа премиерно ја изведе својата нова концертна програма во Си-Ти театар БТЦ во Љубљана со гостинка Тинкара Ковач, како специјално изненадување.

Публиката уживаше во незаборавните хитови на Видеосекс, но и од нејзината самостојна кариера, како и некои словенечки пејачки. Таа за прв пат во живо ќе ја изведе и новата песна што „Срце веќе ја знае„ (Srce že ve).

Ања Рупел е поп-икона. Дефинитивно. Ја освои Југославија со Видеосекс и остана во аналите како секси мачка на њу вејв сцената. Во Словенија, покрај музиката, остави белег и на медиумската сцена: сè уште е музички уредник и глас на првата програма на Радио Словенија, на Поп ТВ беше заштитно лице на емисиите „Поп партија“ и „Ѕвезди пееа“ ( со Петер Полес) но и „Видеогром, кој го водеше со Перо Ловшин.

Ова е придружено со три музички награди Златен петел, признание за најдобро облечена Словенка, еден куп фестивалски награди и номинација за Словенка на годината. Заедно со нејзините композиции, таа и нејзиниот музички и животен партнер Алеш Клинар создадоа и еден куп хитови за други уметници (Аленка Годец, Нушка Драшчек, Нуша Деренда, Ребека Дремељ, Самуел Лукас итн.).

Во Македонија публиката ја памети по дуетите со Тоше Проески („Крајње вријеме“) и со Хари Варешановиќ од групата Хари Мата Хари („Не лажеш ме ти“), кои оставија белег и на регионалната сцена. Минатата година заедно со Зоран Предин настапи и во распродадената сала „Лисински“ во Загреб, како и во Белград.

За дуетот со Тоше смета дека е врв во нејзината кариера.

Ања Рупел, која навистина никогаш никаде не отишла, сепак се враќа на музичката сцена со нова песна со која го најавува албумот со новите верзии на нејзините најголеми хитови, кои ги направи заедно со Алеш Клинар и Миха Горшет, каде ќе има и сосема нови песни.

фото: Лидија Матаја

Можеби ќе ве интересира: