Балканленд

Ања Рупел сними нов дует

По минатогодишното враќање на концертната сцена, Ања Рупел се затвори во студио со својот тим, па еве ја новата песна „Где је љубав“, која всушност е дует со реномираниот пејач Бојан Јамброшиќ.

И покрај тоа што двајцата музичари првпат се сретнаа само за време на снимањето на песната во Љубљана, резултатот беше балада исполнета со посебен вид на магија што е заедничка за сите оние дуети кои оставаат впечаток.

„Многу сум среќен што можам да работам со легендарната пејачка Ања Рупел“, изјави Бојан. Ања, пак, беше воодушевена од крајбрежната локација на која е снимено видеото…

„И јас и Бојан бевме воодушевени од местото Випавски криж…“, вели Ања.

Ања Рупел, која кариерата ја започна во Југославија со групата „Видеосекс“, веќе има снимено неколку дуети (Давор Гобац, Хари Мата Хари, Тоше Проески), но публиката најдобро се сеќава на соработката со македонскиот музичар Тоше Проески во песната „Крајње време“ која силно одекна во сите земји од овој регион.

Можеби ќе ве интересира: