Балканленд

Андреа Бочели ја покани Јелена Томашевиќ да му биде специјален гостин на концертот во Белград

Српската поп-пејачк Јелена Томашевиќ ќе настапи како специјална гостинка на концертот на светски познатиот тенор Андреа Бочели на 22 јули во Белград на фестивалот „Белград Ривер Фест“. Таа беше избрана од тимот на Бочели како поп-ѕвезда која ќе настапи со познатиот тенор на концертот во Белград. Јелена ќе гостува во две нумери на концертот, а ќе изведе и една соло нумера.

Маестро Бочели има навика да поканува поп-пејач од земјата каде што настапува како специјален гостин на сите негови светски турнеи. Многу ми е драго што мојата музика и мојата работа стигнаа до еден толку величествен уметник и што тој и неговиот тим решија да пеам заедно со него на неговиот концерт во Белград. Бев на концертот на Андреа Бочели пред десет години во белградска арена и се сеќавам дека бев воодушевена од убавината и квалитетот на неговото пеење. Додека го слушав во живо, си помислив: „Ако овој глас е толку прекрасен за слушање, како би било да се пее со овој човек“. И некаде во длабочините на себе го сакав тоа. Еве, желбите се остваруваат. Фала му на Бога, наскоро ќе можам да ви кажам какво е чувството да се пее со големиот Андреа Бочели. – изјави Јелена Томашевиќ.

По пристигнувањето во Белград на Бочели ќе му биде врачен орден за исклучителни заслуги во јавните и културните дејности, особено во областа на музичката уметност, со кој на Видовдан беше одликуван од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

 

Можеби ќе ве интересира: