Балканленд

Андријана Јаневска со видео за “Можеби”

Андријана Јаневска снимаше спот за песната “Можеби” која ја отпеа на Скопскиот фестивал, а која за потребите на видеото е преаранжирана само за клавир, виолончело и глас. Спотот е дело на Гоги Полизов, се снимаше во Македонската опера и балет, има една сцена со повеќе кадри.

“Не сакав видеото да има класична приказна, туку сакав да биде арт и да има повеќе емоција. Планирам спотот да биде готов до 8-ми март и да биде подарок од мене до сите дами затоа што “Можеби” е женска песна. Многу сум задоволна од сработеното, останува да го видиме финалниот производ кој не се сомневам дека ќе биде фантастичен. Што се однесува до стајлингот, и овој пат им го доверив на Мила Кадриу и Зоран Шурбевски” – изјавила Андријана, која по пауза од пет години го сними видеото за кое беше задолжена БМА продукција. Последниот видеозапис го сними во 2008 година за песната “Зрно”.

Можеби ќе ве интересира: