Пејачот се нашол на мета на маскирани напаѓачи кои сакале да го киднапираат и кои кои брутално го претепаа неговиот возач и обезбедувањето. Популарниот бугарски пејач Азис, кој е познат по екстцентричен изглед, кој наместо машка гардероба, носи женска во саботата бил мета на четири маскирани киднапери.
Како што јавува 24 часа.бг, Азис е нападнат во дискотеката Обориште. Пејачот бил во друштво на обезбедување и возачот кои биле брутално претепани, а еден очевидец повикал и полиција која брзо стигнала на местото на злосторството. Се наведува дека Азис не е повреден, а дека напаѓачите биле маскирани како полицајци. За сега не е позната причината за киднапирање, но полицијата се сомнева дека напаѓачите сакале да го киднапираат пејачот поради не разчистени долгови од минатото. Неколку часови пред да се случи нападот, на Азис му е понудена голема сума на пари, за реклама на производ.
Хаос| Маскирани напаѓачи сакале да го киднапираат Азис! Возачот и обезбедувањето брутално претепани
Претходна објава
Следна објава