Балканленд

Baby Lasagna го најави својот прв солистички концерт (Фото)

Baby Lasagna, највисоко пласираниот хрватски претставник во историјата на Евровизија, доаѓа во Шалата за да го одржи својот прв голем независен концерт. Тоа ќе биде во четврток на 12-ти септември.

Baby Lasagna, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, ја одбележа музичката историја на Хрватска, освојувајќи најмногу гласови од публиката на овогодинешното издание на Евровизија и второто место во севкупната конкуренција. Овие резултати го означуваат досегашниот најдобар успех на Хрватска на Евровизија.

Наскоро ќе настапи на своја територија, односно во родниот Умаг на фестивалот „Sea Star“. Потоа, во јуни доаѓа во Загреб на забавата на Евросонг, а во текот на летото има повеќе настапи дома и во странство, за сето тоа да го круниса со својот прв солистички концерт во септември.

Проектот на Пуришиќ Baby Lasagna експлодираше со огромна популарност оваа година, но на Пуришиќ не му се непознати настапите, со оглед на тоа што во два наврати беше член на локалниот метал бенд „Manntra“.

Заедно со огромниот глобален хит „Рим Тим Таги Дим“, како и претходно објавените песни „IG BOY“ и „Не мрази се, но не се сакај премногу“, на Шалата публиката може да го очекува и остатокот од деби албумот „Demons & Mosquitos“ кој се очекува да излезе наесен.

Откако „Рим Тим Таги Дим“ влезе во Топ 50 стримови на Spotify, синглот моментално држи висока позиција на петтото место на топ 50 вирални глобални хитови.

Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба утре, 15-ти мај, точно на пладне во 12 часот преку системот Eventim, а нивната почетна цена е 25 евра.

Можеби ќе ве интересира: