Руската агресија над Украина донесе бран на музичари кои ги менуваат текстовите на нивните песни во кои се споменуваат Русија или Москва. Сепак легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага чии песни „Руски воз“ и „Тамара“ имаат вакви стихови, рече дека не ја гледа поентата во ова кога се во прашање неговите песни.
Ќе ги пеам „Руски воз“ и „Тамара“ како порано, нема да го менувам текстот. Неверојатно е, таа песна ја напишав пред повеќе од 30 години, и ги спомнува Харков, Гомел и Ленинград, па Украина, Белорусија и Русија. Дали по 30 години тоа ќе биде опасна песна? Тоа би било глупаво од мене. Оригиналната верзија ќе ја свириме како досега. – рече тој.