Балканленд

БиХ нема да учествува на Евровизија 2015?!

Босна и Херцеговина нема да учествува на изборот за Евровизија која во мај 2015 година ќе се одржи во Виена, Австрија. Босанската национална телевизија испрати соопштение во кое се наведува дека со оглед на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа националниот сервис на БиХ и драстичниот пад на наплатата на радиодфузната такса, единствен начин Босна да учествува на 60-то јубилејно издание на “Евровизија” е да се пронајдат потребните средства од страна на спонзорите.

“Националната телевизија БХРТ за жал не успеала во предвидениот рок да ги најде потребните средства, па така Евровизија и втора година по ред ќе биде без Босна и Херцеговина. Радио телевизија Босна и Херцеговина, како полноправна членка на Европската унија на јавни емитери, нема да има свој претставник на 60-от Евросонг кој ќе се одржува во Виена од 19-ти до 23-ти мај 2015 година”, стои во соопштението од националниот сервис.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: