Како што дознава српскиот портал Трачара, Бијонсе планирала да направи уште еден концерт во Белград. Иако првиот концерт закажан за 15-ти април е потполно распродаден, за рекордно време. Што за прв пат се случува за концерт кој се одржува во Србија. Организаторите во моментов се во преговори со тимот на пејачката околу организирање на додаден концерт во српската престолнина.
“Концертот на Бијонсе во Белград е распродаден во рекорден рок, што ги охрабри организаторите да преговараат со тимот на пејачката околу новиот датум”, открил изворот на Трачара. “Проблемот околу новиот датум е тоа што доколку би бил организиран уште еден концерт, и тој би морал да биде распродаден до крај, а домашните организатори не знаат дали се подготвени на таков ризик”, заклучил изворот. Бијонсе ќе пристигне во Белград на 13-ти април, кога ќе почне и поставувањето на нејзината бина во Комбанк Арената.