Балканленд

“Болеста е измислена” – вели мајката на српскиот пејач Гиле Јашарспахиќ

Неодамна пишувавме за тоа дека познатиот српски пејач и ексклузивец во “Гранд продукција” Амар Гиле Јашарспахиќ прави се само за да го спаси животот на својата мајка. Оваа приказна стана актуела последниве денови во српските медиуми кои на големо пишуваа за сето ова. Но, по се игледа тоа не било онака како што било претставено, односно, неговата мајка се огласи во медиумите во Србија и дементираше се она што досега беше пишувано.

“Сето тоа се измислици. Не знам навистина кому му користи ова. Проблемот беше што Амар беше на турнеја во Америка и никој не можеше да стапи во контакт со него и тогаш новинарите почнаа да пишуваат сешто и да измислуваат. Боже што се прочитав во последниве денови. Не можев да им верувам на очите” вели неговата мајка Наџа која додава дека одлично се чувствува и нема никакви проблеми со здравјето.

“Сакам да се дистанцирам од кариерата на син ми и да си живеам како порано. Секогаш ќе го поддржувам, како и семејството, а и тој нас”, додава таа истакнувајќи дека никогаш досега не сакала, а било кој начин да се експонира во медиумите, бидејќи како и досега сака својот живот да го живее далеку од медиумите како секоја нормала личност.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: