Балканленд

+18: Бора Чорба напишал песна за Здравко Чолиќ (Видео)

Неколку години по ред добар дел од српската естрада летувале во село близу Макарска. Едно лето, таму се нашле Кемал Монтено, Фурда, Корнелиј Смит и Боро Чорба – сите со семејствата. Во близина, целосно изолиран од сите, летувал и Здравко Чолиќ со својата тогашна девојка. Во тој период, славел роденден, па ја поканил и цела екипа.

“Лично се дереше на мегафон: Станувајте рајо, ајде на славење, будете се”, извикувал Чола. Проблемот на неговите колеги било што да му подарат на човекот кој има се?

“Здравко е човек кој просто зрачи со добрина, пристојност, позитивна енергија, подеднакво омилен и меѓу народот и меѓу колегите. Бато Ковач и јас смисливме интересен план. Напишав песна “Разјебани архипелаг”, Корнелије ја компонираше и цело попладне го потрошивме на снимање”, пишува Чорба. Чола тогаш собирал материјал за нов албум, за кој најмногу соработувал со Ковач, па заклучиле дека песната за новиот албум е убав роденденски подарок.

“Кога отидовме на островот, подарокот му го врачивме пред цело друштво. Еве како звучеше:

Pesna_ZdravkoColicОткако ја прочита Чола, длабоко се замисли и целиот запрепастен тивко рече: Па знаеш, мислам дека ова не е баш за мене, на што сите прснавме да се смееме”. Подоцна Боро ја изрецитирал на претставување на неговата книга “Шта је песник хтео да каже”, од каде што е и преземена.

Во продолжение, преслушајте ја оваа песна рецитирана лично од нејзиниот автор.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: