Балканленд

Бора Чорба започнал со хемотерапија

Состојбата на фронтменот на рок групата „Рибља Чорба“, на кого минатата година му беше дијагностициран карцином на простата, значително се влошила во последните месеци, дознава порталот Нова.рс.

Имено канцерот се проширил на белите дробови, поради што морал да започне хемотерапија. Во болница во Љубљана, каде што живее со сопругата, цел тим на лекари се грижи за неговото здравје. Бора оди на прегледи на секои две недели, а често прави и ПЕТ-скенер, што го покажува степенот на прогресија на болеста.

„Бора моментално е во Љубљана, а за него се грижи неговата сопруга, која во моментов му е најголема поддршка. Тој се движи помалку, брзо се заморува и ми препорачан строг одмор. Иако е особено исцрпен од хемотерапија, тој е оптимист во врска со закрепнувањето и верува дека ќе излезе како победник. Тој строго се придржува до советите на лекарот, бидејќи му е јасно дека ова е единственото нешто што може да придонесе за подобрување во овој момент. “, вели извор близок до Бора.

Бора бил многу потресен од смртта на басистот Мишо Алексиќ, кој почина пред неколку дена од последиците на корона вирусот, а особено од фактот што поради здравствената состојба не беше во можност да присуствува на последното збогување со неговиот долгогодишен пријател и колега, со кого се дружеше 42 години.

Фото: ATA Images/Antonio Ahel

Можеби ќе ве интересира: