Балканленд

Цеца ангажирала личен тренер

Подготовките за концертот кој Цеца ќе го одржи на Ушче на 28-ми јуни на Видовдан, започнаа. Цеца се посветила на вежбање со ангажирање на личен тренер, со кој вежба три пати дневно. Ова е прв пат Цеца да се реши на ваков чекор со што решила пролетта да ја дочека во одлична кондиција. Цеца никогаш досега немала никакви проблеми кога е во прашање линијата, немала никаква потреба дополнително да се оптоварува, но сепак, поради концертот и тоа што многу време поминува по дома, решила да се посвети на фитнес.

Ангажирала фитнес тренер кој ќе ја изведе на свеж воздух да трча, па вежбање на справи. Со оглед дека на време ги започна подготовките на концертот, не се сомневаме дека Цеца на својата публика ќе им подготви прекрасно шоу.

Цеца ангажирала личен тренер Цеца ангажирала личен тренер Цеца ангажирала личен тренер

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: