Балканленд

Цеца и Жељко Јоксимовиќ ги изненадија своите фанови со најновиот голем летен хит „Више од срече“ (Фото+Видео)

Двете балкански ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ ги здружија силите и напорно работеа на песната „Више од срече“, која денеска ја здогледа светлината на денот.

Овој проект не се случи преку ноќ. Жељко и Цеца со месеци внимателно го подготвуваа секој детаљ за да се погрижат песната да биде совршена. Тие вложија многу труд и енергија, од компонирање музика и пишување текстови до студиско снимање и продукција.

И двајцата артисти се познати по својата посветеност и перфекционизам, па не е ни чудо што се очекува „Више од срече“ да биде песна што ќе се слуша со генерации.

„Работењето на оваа песна беше исклучително инспиративно. Цеца е неверојатен професионалец и исклучително талентиран уметник. Нашата соработка се одвиваше во прекрасна атмосфера и мислам дека успеавме да создадеме нешто посебно“, изјави најпопуларниот регионален композитор и поп изведувач Жељко Јоксимовиќ.

Од друга страна пак Цеца Ражнатовиќ истакна колку и значи оваа соработка.

„Жељко е мултиталентиран музичар! Перфекционист, одличен пејач, комплетен уметник. Работата со него беше големо задоволство. „Више од срече““ е песна која носи силна емоција и верувам дека публиката ќе ја препознае и ќе ја засака“, истакна Цеца.

Песната „Више од срече“ ветува дека ќе стане голем хит и ќе го одбележи летото. Комбинацијата на препознатливиот мелодиски стил на Жељко и силната вокална интерпретација на Цеца сигурно ќе ги освои срцата на слушателите.

Можеби ќе ве интересира: