Балканленд

Цеца со најголем хонорар од 100 илјади евра за најлудата ноќ

Како што пишуваат српските медиуми, иако се уште е рано да се размислува и претпоставуваме никој од вас не ни знае или размислувал каде и со кого ќе ја прослави најлудата ноќ, дочекот на Новата 2024-та година, сепак, познатите музички имиња од соседството уште од сега ги знаат своите хонорари за настапот на 31.12.2023.

Најбараната и најпозната помеѓу познатите, Светлана Цеца Ражњатовиќ за дочекот на Новата 2024 година ќе добие 100.000 евра, најпознатата снаа Александра Пријовиќ, Рада Манојловиќ, Теа Таировиќ, Дарко Лазиќ… ќе добијат по 20.000 евра за нивниот новогодишен настап.

Дали некогаш ќе дознаеме колку нашите познати музички имиња пејат за дочекот на Нова година или пак некој друг повод, тоа не знаеме, но едно е сигурно сите тие тоа умешно го кријат како змијата своите нозе.

Можеби ќе ве интересира: