Балканленд

Цеца станува промотор на туризмот во Дубаи?!

Една од најголемите балкански ѕвезди, српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца, наскоро би можела да стане промотор на туризмот во Дубаи. Како што пренесуваат српските медиуми, Цеца ја барале богатите шеици, но не да им биде жена или љубовница, тие во неа гледаат потенцијален бизнис партнер. Еден од најсилните туристички оператори од Обединетите Арапски Емирати “Енџој Дубаи” е заинтересиран за соработка со најголемата музичка ѕвезда на Балканот. Ако дојде до договор, Цеца ќе биде едно од заштитните лица на оваа популарна дестинација на Блискиот исток, која ја посетуваат туристи од целиот свет.

“Во следните денови ќе одржиме состанок и со неа”, вели Агнеш Ханко од менаџментот на арапскиот туристички оператор. “Ако плановите со госпоѓа Ражнатовиќ се реализираат, таа ќе присуствува заедно со српските туристи на ексклузивната промоција на оваа светска дестинација, во рамки на која ќе може да уживаат во пустинско сафари, разгледување на модерните градби, пристаништата, големите џамии, палати, но и други туристички атракции во Емиратите”, рекол Агнеш. Цеца се уште не е достапна за коментар во врска со овие најави.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: