Балканленд

Цела српска естрада вознемирена за животот на Весна Змијанац

Како што пишуваат српските медиуми, познатата српска фолк пејачка Весна Змијанац неодамна имаше операција на срцето и долго време закрепнуваше, а многу нејзини колеги од српската естрада беа сериозно загрижени за нејзината тешка здравствена состојба, сериозноста на операцијата и начинот на закрепнување. Оние кои најмногу се вознемириле и сакале лично и директно да помогнат во целата оваа ситуација биле Лепа брена, како и Злата Петровиќ.

Но само пред неколку дена Змијанац се појави на роденденска забава кај познат српски фризер, каде и се фати за микрофонот и отпеа нејзини познати хитови. Таа се уште не се чувствува добро, но вели дека за неа музиката е лек.

„Добро сум, колку што може. Малку е рано, малку немирна сум, малку повеќе херој, но таков сум, не можам поинаку. Таква пауза во животот не сум имала, да не пеам шест месеци, никогаш во половина век пеење. Веќе не се работи за пари, но веќе не можам да живеам без микрофон. Да беше уште месец-два немаше да биде добро“, изјави пејачката.

Таа меѓудругото открива дека најголема поддршка во оние најтешки денови биле сите нејзини соработници и колеги-музичари кои се грижеле за неа и нејзиното здравје.

„Сите, да сите, со толку многу молитви и поддршка… Сите колеги, до еден и цел свет и шефови и менаџери… Пораката на Злата Петровиќ беше најтрогателна за мене. Таа ми пишуваше секој ден. Најслатко беше кога и шепна на мојата Николија на телефон „Ти требаат пари?“, срце мое. Ники ѝ кажа секако дека ништо не ни треба. Не ми дозволија да пеам, морав да се подобрам“, вели пејачката и открива дека нејзината ќерка Николија не била за сега да му се врати на пеењето.

„Николија не беше за тоа да се вратам, но виде дека потонав, дека така не ми одговара. Друго не знам да правам, знам да пеам и да готвам. Што да правам цел ден? Морам да пеам. Не можам без пеење и луѓе. Не можам сама се да победам“, додава Весна и истакна дека се надева дека настапот ќе биде лек за неа.

„Се надевам дека настапот оваа вечер ќе биде лек за мене. Пеењето отсекогаш ме лекувало… Кога пеам немам никакви проблеми, но следниот ден не ми е лесно. Се изморувам и не можам да дишам. Се водев од тоа дека кога можам да пеам толку, тоа значи дека сум добро, но не е баш така“, рече Змијанац, а потоа ја откри и пораката на Лепа Брена, која особено ја разнежнила при закрепнувањето.

„Една вечер во 23 часот се јави и Лепа Брена и ми рече: “Мала, не ме земај! Што да правам без тебе? Ти си моја единствена конкуренција, а јас сум твоја. Добро е што си оздравела“, низ смеа изјави познатата спска фолк пејачка Весна Змијанац.

Можеби ќе ве интересира: