Балканленд

Четири млади пејачи се во игра да го заменат Аки во „Парни ваљак“ ?!

Неколку дена пред концертот „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже Аки“ во Пула, се појавија шпекулации во медиумите дека бендот го поканил младиот Филип Рудан да биде новиот пејач на групата. Сепак, Хусеин Хасанефендиќ – Хус повторно истакна дека Парни ваљак се уште не одлучил како и со кого ќе продолжи. Се согласуваат само во едно, нема да одат под нивото кое го постави бендот во 46-те години од своето постоење на сцената.

Прво бевме сконцентрирани на загрепскиот настап, а сега сме на овој настап во Пула. По летото ќе почнеме да размислуваме дали да одиме понатаму или не. Наша желба е да продолжиме, но се уште ништо не е договорено. Се е можно, но сè уште ништо не е решено. кон Рудан имаме симпатии, но имаат и други пејачи кои настапиле на загребскиот концерт на бендот.

Освен Филип Рудан, неофицијално во игра се и Нермин Пушкар, Дино Јелусиќ но и Ноа Рупчиќ, син на пејачката на „Парни ваљак“, Тина Кресник.

Од сите споменати, Јелусиќ е најмногу медиумски експониран како член на „Whitesnake“. Јелусиќ моментално е на последната турнеја на Ковердејл со „Whitesnake“, како негов придуржен вокал. Тој претходно има изјавено дека негов животен повик е да биде фронтмен на бенд.

Сепак, тие не сакаат да брзаат, што е сосема јасно бидејќи поминаа само пет месеци од смртта на Аки Рахимовски, па емотивно е рано да се одлучат за неговиот наследник. Она што дефинитивно го решиле е концертот во величествената Пула арена, каде што членовите на бендот ќе настапат вечерва заедно со пријателите, да биде последен од ваков вид за да не ги обвинат дека сакаат да профитираат од смртта на Аки. Имаше повици од регионот, но беа одбиени со заклучок – нема да има репризи.

 

 

Можеби ќе ве интересира: