Балканленд

Кајмакоски: Цртежите во спотот покажуваат моменти од мојот живот (Фото)

Денес во Македонската Радио Телевизија, во студиото М1 македонската евровизиска делегација пред новинарите го промовираше видео спотот за англиската верзија на евровизиската “Лисја есенски” или на англиски “Autumn Leaves”. Ако изминатите години Македонија на ова големо телевизиско шоу се претставуваше со видео спот кој што е или разгледница за нашата земја или пак нешто слично на тоа, овој пат нема класичен спот, за изненадување на сите, се разбира пријатно. Видео спотот преставува збир на случувања кои со помош на нашиот претставник Кајмакоски се преточени во цртежи кои како што самиот тој изјави тие случки се дел од неговиот приватен живот.

“Цртежите покажуваат моменти од мојот живот, оној цртеж каде девојче седи со момчето на клупата е моја приказна”, изјави Кајмакоски пред новинарите. Тој меѓудругото се заблагодари на сите оние кои го подржуваат, како на новинарите, така и на своите верни фанови кои го следат речиси секаде каде и да оди.

Daniel Kajmakoski_press“Аранжманот е направен според Даниел. Го гледав како настапува и кој е неговиот став на сцената и на тој начин можев да создадам нешто што него најдобро ќе му легне. Мислам дека ќе ги добиеме посакуваните реакции. Најдобро е што имаме силна конкуренција и што сите почнаа да излегуваат од евровизискиот калап”, изјави композиторот Роберт Билбиблов кој истакна дека сите очекувале оваа песна да биде со побрз “евровизиски” ритам, но оваа песна не е евровизиска, оваа песна е светска.

Daniel Kajmakoski_press Daniel Kajmakoski_pressПоради запазување на ексклузивноста, Музика24 нема да биде во можност да Ви го претстави новото евровизиско видео, но затоа истото ќе имате можност да го погледнете премиерно денес во Дневникот 1 на Македонската Телевизија каде гости ќе бидат Даниел Кајмакоски и Роберт Билбилов.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: