Балканленд

Дали “Доктори” од “X Factor” навистина се распаднаа

Многумина оваа информација ја примија со неверување, но нивната менторка Кристина Ковач на социјалните мрежи објави дека навистина и е жал што оваа интересна и одлична машка група не успеа да опстане на музичката сцена. Таа го напиша следново:

“Драги, иако знам дека ова ќе предизвика бум по медиумите, чувствувам дека моја обврска е да ве известам дека по повеќемесечниот труд да направам кариера на бендот “Доктори”, а на моја голема жалост, групата “Доктори” повеќе не постои. Во мојот труд да им обезбедам шанса за успешна кариера, дојдов до понуда на една од водечките светски дискографски куќи (со претстаништво во Србија и регионот) за “Доктори” да потпишат ексклузивен договор за снимање на песни со опција за албум која таа куќа би ги финансирала и би ги третирала како свој бр 1 приоритет.

На Вам ви должам, нивните фанови објаснување зашто дојде до распад на бендот. Еден од членовите го напушти бендот веднаш по завршувањето на “X Factor”, без никаква желба за да продолжи понатаму, дури и кога дозна каква шанса има бендот со таа интернационална компанија. Друг член во еден момент, според мојата проценка и проценка на остатокот од бендот, започна да се однесува во нескладност со фактот дека е дел од бенд, ставајќи ги своите интереси пред интересите на бендот, и јас, признавам на основа на досегашното искуство во музиката реков дека повеќе нема да работам со нив.

И покрај сето тоа, дикографската куќа има желба да работи со нив и да пристапи кон разговори и преговори за потпишување на договор со остатокот од групата Доктори. Без оглед на таа среќна околност, трет член од “Доктори” деновиве ми соопшти дека тоа не му делува како добра идеја, и дека тој ќе се посвети на свои песни и на своја соло кариера. Јас морам да ви кажам дека сум многу тажна поради сето ова, но и разочарана.

И во својот однос со “Доктори” и во работата со нив секогаш имав интерес за групата која ми беше на прво место, вложив апсолутен максимум во работата со нив на “X Factor”, верував во нив, ги поддржував, одвојував многу време за нив, да ги подготвувам за настапите, искрено многу повеќе од било кој ментор. Криво ми е што неискуството и некој друг начин на согледување на работите го однесоа приматот над шансите какви се случуваат еднаш во животот. Особено ми е криво за последните двајца членови, кои според моето мислење беа најработливите, највредните, најразбраните и во однос според работата и мене, најкоректни.

На сите нив им посакувам успешни кариери, да не го запостават својот талент, да работат вредно и посветено и да прават паметни потези. И брзо да учат, тоа ќе им биде потребно. А со некои од нив, верувам дека ќе соработувам со големо задоволство.

Тажната менторка, К.”

По напишаното од Кристина Ковач се огласи и Урош Туркулов кој на својот Facebook профил го негираше горе напишаното и напиша:

“Додека ние како “Доктори” членови на оваа група и носачи на името “Доктори” тоа не го потврдиме, било каква изјава од било кој друг нема никаква важност. Така да, ништо од она што сте го прочитале”, напиша Туркулов на својот Facebook профил. Дали оваа група е дефинитивно распадната или не, наскоро ќе дознаеме.

Status_Uros TurkulovПодготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: