Балканленд

Дали Слаткар доби конкуренција?

Првиот српски геј рапер, Дамјан Лош, неодамна го сними спотот за песната “Не дирај ми фегере” (фегет е синоним за геј во американскиот сленг) и веднаш предизвика бурни реакции, некои го дочекаа на нож, а други се радуваат на свежата крв на српската музичка сцена.

“Идејата е родена на првата и единствена геј парада во Белград, 2010 година, каде добив голем адреналин, oсетив големо лично ослободување, тоа беше влианието на Дамјан Лош, моето алтер его да почне да се бори за себе. Се пробивам сам. Но ми помага уште многу разни феноменални луѓе”, открил Дамјан во интервју за еден интернет портал.

Младиот рапер се откажал од оперското пеење како би се посветил во новиот правец во хип-хопот. Студент е на светска книжевност, го баталил кик – боксот за музиката, и не го погодуваат лошите коментари на сметка на неговата сексуална определба.

“Немаат за што да пишуваат, а им треба поголем тираж. Можат за мене што сакаат да пишуваат”, изјавил во споменатото интервју.

Извор: kurir-info.rs

Можеби ќе ве интересира: